Украинскиот лидер рече дека може да се повлече ако земјата добие членство во НАТО. Говорејќи на форумот „Украина. 2025 година“ во Киев, Зеленски рече дека нема намера да остане на власт „со децении“.т
Володимир Зеленски е спремен да се повлече од функцијата претседател на Украина во замена за мир, или за земјата да добие членство во НАТО, пренесе британски Телеграф.
„За мир за Украина, ако навистина ви треба да ја напуштам мојата функција, тогаш јас сум спремен. Можам да го заменам ова за НАТО, ако има такви услови.“ – рече тој.
Зеленски додаде дека е фокусиран на безбедноста на Украина сега, а не по 20 години, велејќи дека не е негов „сон“ да остане претседател една деценија.
Зеленски рече дека ќе има „важен состанок“ на лидерите на ЕУ в понеделник, на третата годишнина од војната.
Лидерите ќе зборуваат за својата стратегија „не за следните години, туку за следната недела“, рече тој.
Русија постојано вели дека на Украина не смее да и се дозволи да се приклучи во НАТО како дел од каков било мировен договор. Пит Хегсет, американскиот министер за одбрана, рече дека членството на Украина во НАТО е малку веројатно како дел од преговорите, за време на неговата посета на Брисел минатата недела.