Најголемите музички ѕвезди од поранешната Југославија, но и сегашните икони на овие простори биле соработници на Тајната служба на СФРЈ, се вели во книгата “Крвавата рака УДБА”, која од пред извесно време е во продажба во Белград и Загреб. Во неа на многу прецизен, но прашање е колку доследен и сигурен начин се говори за работата на мистериозниот дел од полицијата на поранешната држава која опфаќала и работа со највлијателните жители на земјата.
Во еден дел кој е интересен за сите, зошто се споменуваат големите пејачи, во улога на раскажувач е поранешниот заменик-шеф на државната безбедност Живан Велисављевиќ кој на многу детален начин во книгата раскажува како започнала акцијата “Миљацка”, и како тргнала соработката зо Горан Бреговиќ и Здравко Чолиќ.
“Прв за регрутирање природно ми беше Горан Бреговиќ. Со него немаше проблем, нему му се допаѓаше идејата за Југославија и секс и дрога, така што веднаш се согласи да работиме и преку него да контролираме”, сведочи Велисаљевиќ.
“Со Бреговиќ го применувавме системот кој се користи со криминалците. Ти им овозможуваш да крадат во странство, и да се засолнат во Југославија во замена за вршење повремени работи за нас. Тоа е она што му беше дозволено и на Брега, да краде песни што тука ќе бидат објавени како негови, но во нив мора да се пропагира тоа што нам ни е потребно”, продолжува Велисављевиќ.
Но ако со Бреговиќ минале лесно, со Здравко Чолиќ не одело така едноставно, па морале да го сочекаат во замка.
“Здравко Чолиќ е екстремно талентиран изведувач и не можевме да го регрутираме. Тој немаше ништо против нас, но не сакаше никому да му биде должен. Сепак, кога беше уапсен во Охрид за, во тоа време популарната размена на странска валута, го посетивме во затворот во Охрид и се договоривме за петнаесет минути.”
Според Велисављевиќ во одделот за државна безбедност се случила вистинска хистерија кога се дознало дека Чола е регрутиран, но брзо потоа се јави и паника кога сфативме дека нему му требаат хит песни. Затоа во службата, според книгата “Крвавата рака УДБА”, веднаш било решено да се собере целиот крем од поп сцената на СФРЈ и сите да работат за Здравко Чолиќ.
“Направивме таен состанок во Скендерија една ноќ. Шест џет авиони на Военото Воздухопловство на ЈНА ги донесоа сите клучни поп композитори во Сараево. Таму беа Арсен Дедиќ, Ѓорѓе Новковиќ, Корнелије Ковач, Бојан Адамич, Жика и Радован од Зана, Момчило Бајагиќ, малиот Злаја Арсланагиќ од Црвена Јабука, Изток Турк, Јасенко Хоура, Јура Стублиќ, Влада Дивљан, Зоран Лесандри и уште неколкумина.
Ги сместивме во Скендераја целосно неподготвени за тоа што ги чека. Потоа излегов на говорница, се чувствував како Тито, и им рекол дека од сите се бара да подготват по една песна за камбек албум на Чола” со многу возбуда пренесува Велисављевиќ за средбата за која нема друга потврда.
Тимот на композитори потоа бил вратен во нивните градови и тие започнале да работат на песните. Сепак, во Службата процениле дека се ќе биде трае долго, а може да биде и “провалено” и затоа како алтернативно решение се договориле целиот албум да го прави Бреговиќ во тајност. Тој го направи албумот беспрекорно, а Здравко Чолиќ стана огромна ѕвезда која ја промовираше идеја за Југословенство, и во своите песни и со однесувањето каде и да одеше. Патем на албумот “Због тебе” од 1980. година беше додадена и песната “Друже Тито ми ти се кунемо”, која стана синоним за посветеноста кон делото на Јосип Броз и за идејата на една сега веќе непостоечка нација.