Македонскиот првак загуби и кај Мега со 106-77 со што пропадна и последната шанса за бегство од дното во Јадранската кошаркарска лига бидејќи ова беше директен дуел на последниот со претпоследниот со тоа што српскиот тим со триумфот се оддалечи и побегна на три победи кои со оглед на тоа што до крајот остануваат уште само 4 кола, а во прашање е и подобар меѓусебен дуел значи спас за Мега и испаѓање на МЗТ Скопје.
Во мечот во Сремска Митровица немаше никаква неизвесност затоа што МЗТ беше во длабока негатива по првата четвртина (16-30), а до полувремето веќе прими 60 коша со само 35 дадени. Тоа ја покажува сета немоќ на овој тим на сините кои во следното коло ја дочекуваа Олимпија и ако ја победат ќе ја одржат теоријата за спас, иако таа сега изнесува и се мери само во промили.
Еве ја единствената акција на скопјани која беше за одбележување во тешкиот пораз кај Мега.