Согласно своите законски овластувања и ингеренции новата влада на РМ на својата денешна седница започнала постапка за разрешување на јавниот обвинител Марко Зврлевски.
Постапката доаѓа откако премиерот Зоран Заев повеќе пати го повика Зврлевски да си поднесе оставка и најави дека доколку тој самиот не се повлече во собранието ќе биде сменет со друг кандидат кој има поддршка од новото парламентарно мнозинство.
Според процедурата владата по претходно мислење на советот на јавни обвинители до собранието предлага кандидат за јавен обвинител.
Новата влада на Зоран Заев му забележува на Зврлевски дека соодветно не ги вршел своите законски овластувања како јавен обвинител како и за преголема блискост во раководството на ВМРО – ДПМНЕ. Зврлевски го има и во дел од бомбите, во една од нив објавен е разговор меѓу него и екс минситерската за внатрешни работи Гордана Јанкуловска.