На 28 декември 1944 година, со преносот од Второто заседание на АСНОМ, започнува радио ерата во слободна Македонија.

„Зборуе Радио Скопје, зборуе Радио Скопје. Драги слушатели, од салата на Собранието вршиме директен пренос на Второто заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македониј“, беа првите зборови на Владо Малески, партизан, писател и творец на македонската химна.

По воведниот збор, се пренесува говорот на првиот претседател на Президиумиот на АСНОМ, Методија Андонов-Ченто. Откако ги поздрави сите присутни, првиот шеф на македонската држава им се заблагодари на сите што со натчовечки напори овозможија низ етерот да се слушнат македонскиот јазик, како и одлуките на Второто заседание.

Тогаш програмата се пренесува на територијата на цела Македонија, вклучувајќи ги и Пиринска, и Егејска.

Радио Скопје, како претходник на денешното Македонско радио, е и првиот чекор кон еден од столбовите на македонската држава – МРТВ.