Русија успешно го стартуваше настапот на Купот на Конфедерации, славејќи на првиот меч во Санкт Петербург против Нов Зеланд со 2-0. Триумфот е остварен со голови во 31. минута кога на акција на Глушаков противничкиот дефанзивец Боксал ја смести топката во мрежата и во 69. минута, кога Смолов рутински ја претвори во гол прекрасната акција.
Збронаја освои три бода на стартот од натпреварувањето, а утре во вториот натпревар од оваа група Португалија ќе се сретне со Мексико. Купот на Конфедерациите се одржува една година пред Светското првенство и тоа во истата земја, во ова случај во Русија. Во конкуренција се 8 екипи претставници на сите континенти.