Шокантната вест што доаѓа од руралните предели на северно-африканската држава вели дека најмалку 15 момчиња, најстарото има 15 години, биле итно пренесени во болница кога е откриено дека несреќното животно врз кое извршиле полов напад било заразено со беснило.

Тие поминале цела недела во болницата Мехта Белксири, а магарето е убиено заради спречување на ширење на заразата, пренесува Мирор. Бизарниот настан се случил во мароканскиот регион Гарб-Чарда-Бени Хсен.

Локалните власти повикуваат сите кои имале сличен контакт со животното што побрзо да се јават на лекар. Се стравува дека бројот на инфицирани лица е многу поголем, но дека некои фамилии своите деца ги однесле надвор од рагионот за да избегнат понижување од локалната заедница.

По ова се поставува прашањето дали магарето имало беснило или пак, животното е збеснато од редиците млади Мароканци кои практикувале љубов со магарето кое, прашање е и дали нешто работело по полињата кога веќе имало толку љубовници. Страшно.