За штанцање евра и долари, МВР со помош на Интерпол и Евопол разбива криминална група

Голема полициска акција за откривање и запленување на фалсификувани пари, која ја спроведува Министерството за внатрешни работи (МВР) преку Бирото за јавна безбедност, јавува Фокус.

Освен засиленото присуство на македонските полициски сили, во операцијата учествуваат и странски службеници со амблеми на ЕВРОПОЛ и ИНТЕРПОЛ, кои ја координираат акцијата заедно со македонските власти.

Според информациите, целта на акцијата е запленување на голема количина фалсификувани евра и разбивање на меѓународна криминална група која оперира во повеќе држави. Полициските служби работат на откривање на сите вклучени членови во оваа мрежа, како и на заплена на фалсификуваните банкноти пред тие да завршат во оптек.

Дополнително, истрагата е насочена и кон идентификување и демонтирање на домашна печатница, каде што се произведуваат фалсификувани евра и долари.

Ова укажува дека станува збор за организирана група, која можеби има свои соработници и во други земји.