За хрватските пензионери по 80 евра надоместок за Божик

Хрватската влада на денешната седница донесе одлука на сите пензионери и корисници на национален надоместок за стари лица пред Божиќ да им исплати еднократен додаток од 80 евра.

За ова ќе бидат обезбедени околу 100 милиони евра.

„Владата денеска е во позиција да донесе одлука за додаток пред Божиќ во висина од 80 евра за сите пензионери, односно на над еден милион и 230.000 лица кои земаат пензија.

„Сметаме дека ова е многу добро во моментов и дека во на овој начин ќе испратиме порака за солидарност за која се грижи државата кон нашите сограѓани од трето доба“, рече премиерот Андреја Пленковиќ на почетокот на владината седница.

Хрватската влада досега донела девет одлуки за еднократна исплата на надоместоци на пензионерите, за што од државниот буџет се издвоени над 612 милиони евра.