За три недели нова Влада, трета инвестиција влегува во Македонија

Уште една одлична вест, од Вашингтон.Трета недела, за трета нова странска инвестиција, објави претседателот на Владата Христијан Мицкоски.

„По инвестицијата од 500 милиони долари на Алказар Енерџи во ветерен парк која е најголема во регионот и инвестицијата на германско белгиската компанија Епсотех Аим во Петровец од 20 милиони евра, Американски Вабтек ќе инвестира во Македонија. Компанијата Вабтек е дел од петстоте најголеми компании во САД.

Остварив средба со извршниот Потпретседател на компанијата во Вашингтон каде што беше потврдена динамиката на реализација на новата инвестиција.

Повеќе од 100 нови вработувања, инвестиција вредна 35 милиони евра.

Ќе се инвестира во производство на сопирачки за шински возила.

Поголем извоз за подобра иднина,” објави премиерот Мицкоски на социјалните мрежи.

https://www.facebook.com/share/p7CZVsbR2WLjEJms/?mibextid=WC7FNe