Најгусто населениот остров во светот и воедно најнаселено место нас светот е островот Санта Круз дел Илоте. Островот е дел од архипелагот Сан Бернардо, кој се наоѓа во водите на државата Колумбија, во близина на брегот со Боливија – Јужна Америка.
Густината на населението на Санта Круз дел Илоте изнесува над сто илјади жители (103.917) на квадратен километар. Односно, островот кој, според легендата го откриле двајца рибари, сега е дом на неверојатни 1.247 луѓе на околу 10 илјади квадратни метри (2.4 акри), што го прави околу четири пати повеќе густо населен од Менхетен.
На трето место е островот Мигинго, на сликата десно.
За споредба, во Менхетен, Њујорк, најголемиот културен, финансиски, забавен и медиумски центар во светот, населеноста е четири пати помала – „само“ 27.489 луѓе на квадратен километар.
Менхетен се смета за четврто, според населеноста, место во светот каде на површина од 54,47 километри живеат 1.634.795 луѓе.
За земја со најголема густина на население се смета Холандија со над 413,8 лица на квадратен километар.