„Парадоксално, во однос на убедливоста на резултатите на тукушто завршените локални избори, но впечаток е дека речиси никој не е задоволен од досегашната работа на новата влада, во речиси ниту една област. Со исклучок на потезите кон соседите (иако и во надворешната политика не е јасно дали има доволна синхронизација меѓу три-четворицата главни „тркачи“), другото е килаво, без душа, без поголеми промени, без особено нови или свежи идеи, главно „санациски“, како чистење подрум кога ќе ти избие канализација“, пишува Сашо Ордановски во својата најнова колумна за Цивил Медиа.
Според Ордановски кој е жесток критичар на предходната влада овој премиер се уште е многу посимпатичен од претходниот а оваа влада не знае да лаже како ВМРО – ДПМНЕ а досега се направени низа гафови кои тој ги дели на „нормални“ и такви од типот на зголемување плати на администрацијата.
Целата колумна на Ордановски тука