За прв пат имаме блиски луѓе до Белата Куќа, Сиљановска Давкова за патувањата на Мицкоски во Вашингтон

За прв пат имаме блиски луѓе до Белата Куќа, вели претседателката Гордана Сиљановска Давкова запрашана за патувањата на Мицкоски во Вашингтон и реакциите од ко-спонзорирањето на Американската резолуција во ООН.

,,Патувањата во САД на премиерот и на Владата, треба да ги гледаме и низ призма на тоа дека американскиот систем е двопартиски, дека на власт се или Републиканците или Демократите. Во случајов посетите на Владата се врзани и за заедничката идеолошка припадност. Тоа е првата причина. Втората причина е исто така што нивното присуство таму е врзано за ноторниот факт дека за прв пат таму ние во Администрацијата на Трамп, имаме луѓе кои овде биле, кои искажале приврзаност, кои на крајот на краиштата имаат и македонско потекло, или врзаност за тоа”, изјави Сиљановска Давкова на интервју за Сител ТВ во кое дополни дека очекува по францускиот претседател Макрон и други претседатели ќе видиме во САД.

,,Не заради можеби фактот дека светот се менува и меѓународниот поредок, туку мислам дека во функција на мирот. Јас ја споменав Швајцарија и Германија. Но морам да кажам дека не често се зборуваше за мир. Се разбира дека сите го посакуваме мирот, меѓутоа, за прв пат оваа опција станува реалност. И затоа јас мислам дека не можете ниту еден друг проблем да решите без мир. Она што мене ме загрижуваше сиве овие години беше што меѓу Руската Федерација и САД немаше дипломатија. Целосно прекинати односи. Лошо е за светскиот мир ако не комуницираат најголемите сили. Тие мора да комуницираат, за да најдат некое заедничко решение. Мислам, дека во случајов, сите чувме дека мирот е веќе реална опција. Или ако сакате почетокот на мирот. Значи, се разбира дека би сакала да одам во САД, веќе бев, меѓутоа зборувам за релациите. Уште еден аргумент. Македонскиот политички систем не е како американскиот претседателски. Парламентарен систем е, со ефективна извршна власт, во рацете на Владата. Во многу држави тој систем или во многу теории, се нарекува дури и премиерски. Не ме чуди хиперактивноста на Владата и на премиерот. Таа е сосема реално очекувана”, вели Сиљановска Давкова во тема на денот на Сител.

Поврзана вест

Дали францускиот амбасадор во Будимпешта му забележа на Орбан за истото тоа што го стори Македонија, прашува претседателката

Сиљановска Давкова за резолуцијата на САД во ОН: Добро постапивме

Цело интервју