Затегнатите односи на Арабискиот полуостров во последно време и особено обвинувањата за поддршка на тероризмот на релацијата Саудиска Арабија-Катар ги предизвика властите во Ријад на необичен потег кој ги става во незгодна ситуација навивачите на Барселона. Судот во кралството во сето лудило деновиве донесе одлука за забрана на дресовите на Каталонскиот гигант затоа што нивни спонзор е Qatar Airways.

Меси, Нејмар, Суарез и другите од Блау Грана може да имаат симпатизери во Саудиска Арабија, тоа барем за сега не е казниво, но тие не смеат да се појавуваат во јавност со дресовите на Барса. Казните за непочитување на одлуката се движат меѓу 135 илјади долари и 15 години затвор.

Среќна околност за фановите, ако за такво нешто може да се зборува, е што договорот за спонзорство на државната катарска авио компанија со Барселона истекува на крајот од следната сезона.