Покрај Булент Салиху кој што е член на централното раководство, најнепознат од сите министри во новата влада предложени од ДУИ е младиот 32 годишен Крешник Бектеши кој од вторник треба да го води ресорот економија.
Изборот на овој економист кој е роден во 1985 година а дипломирал на Универзитетот Шефилд во Велика Британија, како што пишува во неговата биографија, предизвикало најголемо негодување кај членовите на централното претседателство на ДУИ.
Причината за незадоволството е што членови на партијата сметаат дека Бектеши кој е од Кичевско станува министер пред се поради другарските односи меѓу лидерот Али Ахмети и неговиот татко.
Благодарение на нивното долгогодишно пријателство Бектеши предходно во владата на Никола Груевски најпрвин бил испратен за економски промотор во Брисел а потоа на истата позиција и во Берн, Швајцарија.
На Бектеши му се забележува дека не ги минал неопходните партиските филтри и дека преку ред добил функција иако во партијата немаат забелешки за неговата стручност и образование.
На почетокот на својата кариера Бектеши работел и во Агенцијата за странски инвестиции на Република Македонија.
Бектеши е оженет и има една ќерка.