Еден од најсериозните кандидати за наследник на Никола Груевски пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Тодоров, се откажал од пратеничката функција. Ова одлука тој ја образложува со партиски активности и со адвокатура.
– Имајќи во предвид дека планирам во иднина повеќе да се посветам на мојата основна професија како адвокат, како и да можам да дадам поголем придонес во партиските активности, дозволете ми да ве информирам дека одлучив да поднесам оставка на функцијата пратеник во Собранието на Република Македонија, објави Тодоров на својот „Фејсбук“ профил.
Според кабинетот на претседателот на Собранието оставката на Тодоров е веќе депонирана и ќе биде констатирана на следната седница на собранието.
На местото на Тодоров кој што беше носител на ВМРО – ДПМНЕ во изборната единица 2 (Скопје и Куманово).