Според пресметките на Сојузот на синдикати, трошоците на едно четиричлено семејство да го помине месец февруари изнесуваат 57.467 денари или околу 930 евра.
Тоа е зголемување на трошоците за 313 денари во споредба со јануари.
Најмногу пари одат за прехрана и за тоа се потребни околу 21.219 денари или 36,9% од целокупниот буџет.
Сметките за комуналии -вода, струја и греење – според ССМ, изнесуваат 10,5% од буџетот на семејството или 6.014 денари.
Но, доколку семејството нема сопствен дом и изнајмува стан од 60 квадратни метри, нивните трошоци се зголемуваатна 72.851 денар.