За време на вчерашната акциска контрола на МВР територијата на Македонија за брзо возење им биле изречени казни на 740 возачи.
Од нив, 62 биле казнети поради тоа што се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а осум возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.
Притоа, 378 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 362 надвор од населено место.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, најавија од МВР.