Зајкова: ЛДП не ја напушта коалицијата со СДСМ, но делува независно

Претседателката на ЛДП, демантира дека партијата ќе ја напушти коалицијата со СДСМ.

„Засега нема ништо ново. Како пратеник останувам да делувам независно во Собранието. Либерално-демократската партија е независен политички субјект, а до локалните избори има уште многу време.

За понатамошните чекори и за тоа како ќе делува ЛДП ќе одлучуваат партиските органи“, вели Зајкова за МКД.мк.

Синоќа, ТВ 21 повикувајќи се на партиски извори пренесе дека лидерката на ЛДП, Моника Зајкова излегува од коалицијата со СДСМ иако не се знае дали ќе ѝ се приклучи на владеачката коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ.