Сe уште е потребно да се изгради доверба меѓу политичките лидери. Тие имаат уште долг пат и многу реформи за да започнат преговори за влез во Европската унија.

Зборувавме со Грција и  подготвени сме да испратиме експерти за да им помогнат на владата во Скопје да ги остварат потребните реформи.

Ова го изјави вицепремиерот и министер за надворешни работи на Република Бугарија, Екатерина Захарива, во емисијата „Неделата“ на едно бугарско радио.

Според неа пречка за приемот на Македонија во Европската унија била „политиката која е против соседите, против Бугарија, против Грција“.

Македонските граѓани сакале да бидат поврзани, рече таа во еден момент.

Според неа,  македонската влада има многу јасен план за реформи и  размислува за скорешна заедничка седница со бугарскиот кабинет, пренесуваат бугарски медиуми.