Вицепремиерката и шефица на бугарската дипломатија за БНТ изјави дека Договорот за малцинствата кој треба да се потпише меѓу Бугарија и Македонија е многу важен.
Според Екатерина Захариева, последните 4 години имало многу сложености меѓу двете страни, но проблемите не се кријате туку се бара решение.
„Во Македонија нема ни еден бугарски медиум, но јасно е дека граѓаните на двете држави сакаат да се сретнуваат… Не можеме да обвинуваме, дека имало агресивна политика, важно е каква политика ние сакаме да имаме. …Не ги криеме проблемите натрупани со годините“ изјави министерката за надворешни.