Затворениот градоначалник на Истанбул – почесен граѓанин на Париз

 

Француската престолнина му додели титула почесен граѓанин на затворениот градоначалник на Истанбул, Екрем Имамоглу  во знак на поддржа на турскиот опозиционер.

„Денес Имамоглу е неправедно спречен да ја претставува својата партија и да го носи гласот на милиони турски граѓани“, рече градоначалничката на Париз, Ан Идалго пред градскиот совет.

„Одземен од слободата и неговите основни права, Екрем Имамоглу мора да може да смета на целосната поддршка од Париз“, рече социјалистот, опишувајќи го францускиот град како „главен град на човековите права“.

Ова покажување поддршка „можеби ќе им овозможи на сегашните турски власти да ги слушнат гласовите на демократскиот разум“, додаде таа.

Во Турција избија масовни протести по приведувањето и последователното апсење на Екрем Имамоглу на 19 март.

Тој е главен ривал на претседателот Реџеп Таип Ердоган.