Започнува изборот на нов папа

 

По јавната миса во базиликата „Свети Петар“, кардиналите денеска ќе се соберат за да го започнат својот таен собир (конклава) за избор на наследник на папата Франциско, објави Ројтерс..

Никогаш немало случај папа да биде избран на првиот ден од гласањето, па затоа процесот може да потрае неколку дена.

Кандидатите за папа мора да добијат најмалку две третини од гласовите за да бидат избрани.

Рекордни 133 кардинали од 70 земји ќе влезат во Систинската капела, во споредба со 115 од 48 земји во 2013 година – раст што ги одразува напорите на Франциско да го прошири досегот на Црквата во оддалечени региони со малку католици.
Сите кардинали пристигнаа во Рим на конклавата.

Конклавата ги собира кардиналите под 80 години кои мора да постигнат мнозинство од три четвртини за да го изберат новиот папа.

Денес – 7 мај, ќе има само едно гласање, по што кардиналите можат да гласаат до 4 пати на ден.

Црниот чад од оџакот на покривот на капелата ќе означи неубедливо гласање, додека белиот чад ќе биде знак дека црквата сега има нов водач.