Мандатарот на новата влада Зоран Заев денеска во собранието најави дека во најбрз можен рок ќе се обнови урнатото македонско општество. Тој се надева дека сите сакаат да живеат во среќно општество и затоа треба и граѓаните да помогнат а одговорноста ја носи новата влада. Заев вети дека ќе биде премиер на сите граѓани и дека нема да дели туку да обединува.
Еве дел од работите што Заев најави дека ќе ги спроведе новата влада:
Почеток на преговори со ЕУ и влез во НАТО во најблизок можен рок
Минимална плата во прва година на 12 илјади денари , вклучително и во индустријата за текстил и кожа
До крајот на мандатот 16 0000 минимална плата
30 илајди денари нето просечна плата за сите граѓани
100 пати поголема помош за мали и средни претпријатија
За 100 дена ќе биде објавен долгот и планот за негово плаќање
Ќе се враќаат парите кај граѓаните, ќе им се враќа 15 % платен ДДВ со исклучок на данокот за луксузните производи
Воведување дневна тарифа преку недела и цел викенд а не само во недела
Тие што нема да користат парно нема да плаќаат
Кој има помалку ќе плаќаат помалку, тие што немаат пари нема да плаќаат данок
Помали казни за граѓаните
Пензии усогласени според трошоци за живот
Бесплатно болничко лекување
Намалени судски и адвокатски трошоци
50 % помали трошоци за комуналиии на станови до 150 квадрати
Енергетски ваучери за струја и затоплување за најзагрозените
Гасификација и 50 % помали трошоци за затоплување
Субвенции за нафта 30 до 50 % за земјоделците
Земјоделците нема да плаќаат данок ако им е тоа основна дејност
160 милиони евра редовни субвенции за земјоделците
Лекарите специјалисти ќе земаат поголема плата до 100 илјади денари
Двојно плати за здравствени работници
Екстреното испитување ќе биде укинато
Награди за наставниците
Без реваншизам и партиски отпуштања
Никој да не се плаши за работното место и да нема партиски уцени
План за итно распоредување на тие што земаат плата а не одат на работа
Двосменско работење во клучни државни институции
Клучна цел намалувањее на сиромаштија на 16 % до 2020 година
600 милиони евра во инфраструктура за две години
Гаранција за млади , во рок од 4 месеци понуда за вработување, пракса како
Подготовка, помош за млади до 10 илјади евра за добар бизнис план, отворање на старт ап за млади
Фирма со едно евро основачки капитал
Рамномерен регионален развој и помош од 80 милиони евра за оваа цел
Двојно зголемени парите за рамномерен развој на оштините уште во првата година на мандатот, распределбата на пари за општинии на правичен начин
Зголемена контрола на владата, институциите да работат независно, транспарентност на највиско ниво, консултации со граѓаните
Независен правосуден систем
Реизбор во судство според европски критериуми
Специјално одделение во ОЈО за СЈО
Контрола на механизмите за следење на комуникациите
Реформи во медиумите, МРТВ независна
Негување на слободна европска култура
Културна демократија во културните политики
Заев се надева на „ соодветна уптреба на јазиците без да се загрози македонскиот јазик“
Нов закон за спорт, финнансирање
Сега спортуваат 2 % од граѓаните а новата влада планира да вежбаат 20 %