Запленети докази – УЈП влегува во фирми-соработнички на Боки 13 и Лазаров

Билети за наградната игра, договори за деловна соработка, документација и кеш пари запленила Управата за јавни приходи вечерва во локалот во Штип во кој Боки 13 и Стефан Лазаров незаконски организираат наградна игра, објави вчера Радио Лидер.

Двајцата во неколку наврати за време на настанот од бината соопштиле дека не станува збор за наградна игра, но според радиото, самото извлекување на добитници на награда и самото тоа што се купуваат билети за настанот, согласно законот јасно дефинира дека станува збор за наградна игра. За приредување на ваква наградна игра, Боки и Лазаров немаат дозвола од министерството за финансии, преходно објави Канал 5.

Како што дознава Лидер, инспекторите извршиле разговор со Бојан Јовановски кој одговорноста ја насочил кон Лазаров а разговорот со Лазаров требало да биде спроведен по крајот на настанот.

Информациите до кои стигнало радиото се дека за време на паузата, Лазаров се обидел да фаќа врски да прекине инспекцијата на УЈП преку една политичка партија.

Веќе од понеделник се очекува УЈП да упадне во сите компании кои даваат подароци преку овие незаконски наградни игри, затоа што постојат сериозни индиции за перење пари, пишува Лидер.

Поврзани вести

По најавата дека финансии ќе проверува криминал Лазаров вели дека директорот на Канал 5 бил паметен ама сам се демантирал, Боки 13 молчи