Запалил жена во метро во Њујорк

Полицијата уапси маж осомничен дека запалил заспана жена во воз во метрото во Њујорк, јавува Ројтерс.

Жената е мртва.

Полицијата соопшти дека жената седела мирно кога непознат маж мирно и пришол и со запалка ѝ ја запалил облеката.

Полицијата тврди дека двајцата не се познавале.

Мажот слегол од метрото додека полицајците што патролирале се упатиле кон пламенот.

На видеото од мобилен телефон, објавено на социјалните мрежи од ужаснат случаен минувач, се гледа како маж седи на клупа на платформата неколку метри подалеку од запалената жена со сива качулка која личи на онаа што ја носеше осомничениот уапсен подоцна вчера.

Службениците употребиле противпожарни апарати за да го изгаснат пожарот, но на местото на настанот екипите на итната помош констатирале смрт на жената.

Полицијата го уапсила осомничениот додека се возел во метро подоцна истиот ден.

Идентитетот на жртвата и причината за нападот се уште се истражува.

Околу 4 милиони луѓе го користат градското метро секој работен ден, каде насилниот криминал е релативна реткост.

Заклучно со ноември, имало девет пријавени убиства во метрото во 2024 година. во споредба со пет во истиот период во 2023 година.