Опаѓање на нневните температури може да се очекуваат дури викендов.

Од утре се очекува следува период на променливо облачно време на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Процесите ќе бидат поинтензивни во петок и сабота, кога наместа ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и град.

Денеска пак ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб ветер претежно од јужен правец.

Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 28 до 36 степени.

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 36 степени.