Арвида Бистром е 25 годишнa шведска фотографка којa Адидас ја избра за новата рекламна кампања „Суперѕвезда“ заедно со други активисти и уметнички кои ги сметаат за „иконите на иднината“.

Оваа млада шведска уметничка кој се бори против разни видови предрасуди беше избрана како лице на новата кампања токму поради нејзиниот став кон депилацијата и феминизмот.

„Мислам дека феминизмот е културен концепт, секој може да биде женско, да дејствува како жена и мислам дека општеството се плаши од тоа“, изјави Арвида во кампањата на Адидас.

Поради оваа објава на социјалните мрежи, Бистром доби бројни закани и пораки со говор на омраза.

„Добив голем број коментари преполни со омраза на социјалните мрежи, и преку електронска пошта, а и закани за силување“, изјави таа на Инстаграм.