Португалскиот спортски весник А Бола на насловната страна од денешното издание пишува дека на најдобриот светски фудбалер му се заканува затвор поради неплатени давачки кон шпанската држава на име даноци и дека тој ќе си замине од Реал. Кристијано Роналдо не пријавувал добивки и затаил 14 милиони евра, и сега сака да си оди од Сантијаго Бернабе и од Мадрид, за да не се соочи со сериозна казна, која за разлика од пресудата за Лионел Меси за слично дело, можеби и нема да може да биде заменета со парична казна.

Весникот секако ги наведува и останатите причини за евентуалното заминување на Кристијано како свирежи од гледачите и негово незадоволство, но и пишува дека Португалецот веќе му најавил на Флорентино Перез ваква разврска. Не е позната реакцијата на претседателот на Реал, како што за сега нема попрецизно кој би можел да се нафати на отштета од минимум 150 милиони евра и големи издатоци на име плати за Роналдо.