Заза Пачулија е рехабилитиран и подготвен за настап во првиот меч од големото финале во НБА лигата, во кое неговиот Голден Стејт, в среда дома игра со Кливленд. Грузиецот е член на првата петорка на Вориорси и важен дел од нивниот систем, а пропушти неколку пресметки против Сан Антонио откако претходно го повреди Каваи Ленард, по што неговиот тим лесно славеше со 4-0.

https://youtu.be/oh1ZL1_3fK0

На центар на Вориорс ова не му беше прва ваква ситуација. Напротив, тој низ целата кариера прави флагрантни фаули, а дека не бира и дека не страдаат само противниците, туку и неговите, говори тешката повреда на соиграчот Кевин Дурент, што Пачулија му ја предизвика во февруари.

https://youtu.be/jI74TMH14xA?t=9s