Иако неговата партија со години го критикуваше екс премиерот и лидер на ВМРО – ДПМНЕ Никола Груевски дека при сите важни одлуки и настани за државата бил надвор од земјава, премиерот Заев го прави истото.
Откако предходно Груевски беше критикуван што бил отсутен при носење на Законот за амнестија на Хашките случаи, за признавање на Косово и за 27 април, Заев за време на донесување на Законот за јазиците реши да замине на одмор.
Тој според неговиот кабинет од завчера е на зимски одмор во Италија.
Засега нема обвинувања од опозицијата дека Заев се крие зад пратениците во Собранието.