Заев сака да ги обедини Македонците и Албанците на грбот на Србите?!

Српскиот историчар Чедомир Антиќ оценува дека дел од македонската јавност, на чело со премиерот Зоран Заев, сака политичко обединување со Албанците преку оцрнување на Србија и на Србите.

„Во Македонија дојде на власт Владата на Зоран Заев, чија политика води кон тоа Србите и Србија да бидат обвинети за геноцид над Албанците и тој негативен однос на дел од македонската јавност спрема Србите и Србија треба да биде начин за политички да се обединат со Албанците, со кои имаат спротивставени ставови за различни прашања“, изјави Антиќ за Срна, новинска агенција на Република Српска.

Според него, во Македонија, во Хрватска и во Црна Гора во 2017 година дошло до намалување на правата на „српскиот народ“.