Заев оди кај Харадинај, „Диво насеље“ една од темите?

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај потврди дека неговиот македонски колега Зоран Заев ќе ја посети Приштина на 11 декември, а тамошните медиуми најавуваат дека една од темите на разговорите ќе бидат пресудите за 37. членови на т.н. кумановска група во случајот „Диво насеље“.
Самиот Харадинај не ја исклучи таквата можност. Тој одговори само со „ќе видиме“ на прашањето од семејствата на осудените, кои заедно со другите учесници на вчерашниот протест во главниот град на Косово дојдоа пред Владата, откако полицијата не им дозволи да се доближат до македонската Амбасада.
Целиот косовски врв, на чело со претседателот Хашим Тачи и со премиерот Харадинај, вчера побара вклучување на меѓународниот фактор во расветлувањето на настаните во Куманово од 9 и 10 мај 2015 година, чиј епилог беа десетмина загинати од инфилтрираната вооружена група и осуммина македонски полицајци.