Двајцата пратеници на ДПА најверојатно се причината поради која премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев не се плаши од заканите на Зијадин Села кој најави дека ако во следните 60 дена не биде донесен законот за албанските јазик ќе ја напушти владата.

Засега ДПА одбива да каже дали на средбата меѓу Заев и лидерот на ДПА Мендух Тачи што се одржа пред десетина дена била договорена соработка со владата и евентуална поддршка за парламентарното мнозинство.


ДПА има двајца пратеници во собранискиот состав и со нив може да се формира влада која ќе има поддршка од 61 пратеник.

Зијадин Села беше еден од главните пратеници на ДПА до пред 5 години по што влезе во судир со лидерот Мендух Тачи кој со задоволство сега ќе му се реваншира на екс сопартиецот за поделбата во партијата.

Со тројцата пратеници на Алијансата на Албанците сега владата има поддршка од 62 пратеници.

За ВМРО – ДПМНЕ изјавата на Села е блеф затоа што тој нема храброст да ја напушти владата и да признае дека Заев им дал лажни ветувања на албанските гласачи и партии.

За разлика од Села неговиот партнер од Алијансата на Албанците Весел Мемеди кој е лидер на Националната Демократска Преродба (НДП) е оптимист дека нема да има потреба од напуштање на владата затоа што законот ќе биде донесен , јавуваат медиумите на албански јазик.

За заканите на Села денеска молчи ДУИ чиј што лидер пред две недели најави дека крајниот рок за усвојување на законот за албанскиот јазик е крајот на летото односно до кампањата за локалните избори на кои без некаков голем етнички проект како официјален албански јазик на територија на цела држава неговата партија може да доживее дебакл и тежок пораз од БЕСА.