Заев има уште 77 денови за албанскиот јазик или нема да биде премиер

Новата влада предводена од Зоран Заев има 100 дена да го усвои законот за поголема употреба на албанскиот јазик а ако тоа не се случи во наредниве 77 дена таа ќе се соочи со гласање за доверба во парламентото.

Ова го најавуваат претеставници на Алијансата на Албанците кои што имаат 3 пратеници во собранието и кои што можат да ја урнат владата.

За Независната Балканска новинска агенција (ИБНА) претставник на Алијансата вели дека тие ќе ја преиспитаат својата позиција во владата ако законот не е донесен во рок од 100 дена од изборот во собранието.

„Остануваме на ставот дека овој закон мора да биде изгласан во првите 100 дена од владата и се надеваме дека тоа ќе се случи. Ако тоа не се случи ние ќе ја разгледаме нашата позиција во владата“, вели за ИБНА Флакрон Беџети од „Алијансата“.

Предходно и лидерот на ДУИ АЛи Ахмети најави дека наскоро во собранието ќе биде разгледуван нов јазик за албанскиот јазик без да даде рокови.

Според ИБНА овој закон премиерот Заев го најавил во приоритетните 30 закони кои што мнозинството мора да ги донесе први за што постои договор меѓу партиите.

ИБНА која што Македонија во своите текстови ја нарекува ФИРОМ го пренесува ставот на Зендели кој најавува дека неговата партија ќе предложи закон за официјална употреба на албанскиот јазик. Според агенцијата премиерот Заев веќе најавил дека донесување на законот нема да го крши македонскиот устав. гм/