Последните мерења на поддршката на грчките политички партии покажуваат дека прашањето за името македонската влада можеби ќе треба да го решава не со актуелниот премиер Ципрас од СИРИЗА туку со лидерот на Неа Демократија Киријакос Мицотакис.

Синот на екс грчкиот премиер Константинос Мицитакис и на екс министерската за надворешни работи Дора Бакојани според анкетите е најсериозен кандидат за иден грчки премиер.

Неговата партија Неа Демократија води со дури 18 % предност пред СИРИЗА на Ципрас која има само 15 % поддршка. Според истражувањето на Универзитетот Македонија од Солун НД 33 % рејтинг .

Најверојатен партнер на НД ќе биде Демократската Алијанса која што во 2015 беше формирана од ПАСОК и Демократската левица.

Засега Ципрас не планира да организира предвремени избори затоа што извесно ќе загуби. СИРИЗА се надева дека во наредниве 20 месеци ќе има доволно пари да го сврти јавното мислење на своја страна откако ќе заврши фазата на огромно штедење.

Без разлика дали ќе има предвремени или редовни избори сепак извесно е дека проблемот на името доколку не биде решен во брз рок под притисок на САД и ЕУ ќе остане за решавање на десничарската Неа Демократија во Грција и левичарската СДСМ во Македонија.