Заев: Законот ќе важи и за моето семејство, нема договор за амнестија

Лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев на  дебата со уредници од повеќе македонски медиуми на државната телевизија изјави дека во последните 30 месеци од поранешната влада имало барање за амнестија што тој ги одбил.

„Во периодот од две и пол годишното траење на политичката криза, да, имаше отворени разговори за амнестија на врхушката на власта. Нормално, нема договор“, одговори премиерот Зоран Заев на прашањето дали имало барања за амнестија од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен премиер Никола Груевски.

Заев вели дека правната држава и законот мора да важи подеднакво за сите вклучително и за неговите најблиски.

„Убеденоста дека правната држава и законот мора да важи за сите, на крајот ја гарантира и оваа лузна која најверојатно ќе ја носам до крајот на мојот живот. Законот има да важи еднакво за сите. Па ако сака нека е мојот прв соработник, или мојот прв член на семејството кој е до мене“, изјави Заев.