новите работни места и подобрување на животниот стандард. Бранејќи ја својата програма тој од ВМРО – ДПМНЕ ппобара конструктивна критика.
Според неговото експозе намалување на невработеноста, подобрување на животниот стандард, воспоставување ефикасна и рационална јавна администрација која ќе биде свртена кон интересите на граѓаните, реформи во образованието и здравството, се главни задачи на владата.
„Прво да се посвети на работни места на младите. На пензионерите не треба многу пензии повисоки. Да се даде на младите зашто ние нашите пензии ги даваме за синовите, ќерките и внуците, а најдобро е тие да работат,“, изјави Заев денеска во Собранието.
Заев очекува опозицијата критички да гледа на сите негативности, таму каде има грешки да даваат предлози како да се решат.
„Опозицијата треба да не бега, да е редовна на седници, гледаме многу малку се на седници. Конструктивна опозиција, да не ги уназадува работи и таа да биде за реформи да влеземе во НАТО и ЕУ, а не да биде контра и сите работи да ги враќа назад“, е пораката на лидерот на СДСМ до своите политички непријатели.