За време на посетата на Израел премиерот Заев дал изјава за која грчките аналитичари сметаат дека е провокација која се случува во многу важен период за односите меѓу двете земји.
За време на посетата на Израелскиот совет за меѓународни односи кој што работи под покровителство на Светскиот Еврејски Конгрес каде бил пречекан од членот на советот Шломо Авинери, премиерот Заев изјавил дека со оглед на изборите во Македонија и го Грција во 2019 година се надева дека наредната 2018 година може да биде годината за решение на името.
„Како нова влада се обидуваме да најдеме начин за решение на ова прашање. Проблемот е што Грција сака да го промениме нашето уставно име и официјалниот јазик“, изјавил Заев на прашање на својот домаќин.
„Но можеби името Македонија може да не донесе поблиску заедно, не да не турка едни од други. Се надевам дека 2018 година ќе биде година на решение на овој проблем. Зошто? Затоа што во оваа година нема избори во мојата земја и во Грција“, рекол македонскиот премиер за време на посетата на Израелскиот совет за меѓународно односи.
Тој пред својот домаќин порачал дека поради радикализмот и екстремизмот со кој се соочува и Израел, потребна е поголема соработка меѓу земјите за да се обезбеди светскиот мир.