Загина човек од удар од воз во Скопје

На железничката пруга кај булеварот „Србија”, синоќа воз удрил човек на возраст од околу педесет години.

Од ударот, тој починал на местото на несреќата, потврдиле утрово за МИА од Итната медицинска помош во Скопје.

Како што пренесува ТВ 21 пак, наместо да стигне во Битола вчерашниот воз не ни излегол од Скопје. Имено како што пренесува телевизијата поради прегазен човек возот стоел во место повеќе од 3 часа на излез од населбата 11 Октомври на надвозник.

Во текот на денешниот ден се очекуваат детали во врска со настанот.

Извор: ТВ 21