Вчера, околу 12.20 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на бул.„Крсте Мисирков“ во близина на крстосницата со бул.„Гоце Делчев“ во Скопје, мотор „хонда“ со скопски регистарски ознаки управувано од Е.С.(26) од Скопје удрил во пешакот А.И.(74) од Скопје, соопшти МВР.лиција
Како што информира МВР, од здобиените повреди на местото на несреќата починала А.И., а од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт, додека пак со телесни повреди се здобил моторциклистот констатирани во приватна болница во Скопје.
Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.