Температури до 39 степени се очекуваат и денеска.

Ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност, со слаб ветер од променлив правец.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 12 до 21°C, а максималната од 32 до 39°C.

Од недела во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд со грмежи и засилување на ветерот.

Повеќе услови за нестабилност ќе има од вторник.

Температурата во овој период ќе биде во постепено опаѓање, соопшти УХМР.