„Журнал“: Дали е несериозна РСМ околу прифаќањето на условот за влез во ЕУ дека македонскиот јазик е норма на бугарскиот, a Tито ги создал Македонците?!

„Постојат некои услови, што мора да ги исполни секоја земја, која е заинтересирана да стане дел од големото европско семејство. Дали зборуваме за услови, кои се исполнуваат тешко, или за несериозност од страна на земјите-кандидатки воопшто, а особено од нашата земја? Ова се дискутабилни прашања. Официјална Софија бара од Скопјe да ги прифати бугарските барања дека македонскиот јазик е норма на бугарскиот јазик и оти македонскиот народ е создаден од Јосип Броз Тито, но и бугарскиот народ да биде вклучен како составен дел од Уставот на С.Македонија. Заради ова се бара РСМ да го промени уставот, но тоа не може да се направи, бидејќи се потребни две третини од гласовите на пратениците во Собранието.“ – нагласува информативната агенција на албански јазик Журнал во својата редакциска анализа со наслов „Се прослави Денот на Европа, но кога ќе се прослави и почетокот на преговорите со ЕУ?“.

„Журнал“ пишува: Денот на Европа, 9 мај, е датум кога се  одбележуваат мирот, единството и визијата за заедничка европска иднина. С.Македонија, како земја која се стреми кон членство во ЕУ, го славеше овој ден со надеж дека тој ќе има наскоро значење и практична смисла. Го славевме денес овој празник, но кога ќе се прослави и почетокот на преговорите со ЕУ?

Патот на С.Македонија кон Европската Унија

Денот на Европа, 9 мај, е не само симбол на единството на европскиот континент, туку и точка на размислување за земјите, кои продолжуваат да веруваат и да работат, за да станат дел од овој сојуз. Нашата земја ја изразуваи уште еднаш својата посветеност да биде дел од европското семејство.

За С.Македонија, патот кон ЕУ станува долг и честопати тежок. Сепак, посветеноста на реформите, почитувањето на европските вредности и институционалната стабилност покажуваат дека земјата е подготвена за следниот чекор, почеток на вистински преговори за членство. Ова останува заеднички сон на граѓаните и институциите, кој заслужува да стане реалност. Сепак, институциите ја сносат одговорноста да го остварат овој сон.

На овој Ден на Европа, се поставува и прашањето: кога ќе дојде моментот С.Македонија официјално да го прослави почетокот на преговорите со ЕУ? Ова е момент, кој припаѓа не само на историјата на нашата земја, туку и на вербата во Европа, која ги одржува своите ветувања и ја поддржува нашата заедничка иднина. Дотогаш останува непоколеблива вербата дека нашата земја ќе го заземе своето заслужено место на рамноправната маса на европските држави.

Полноправното членство во ЕУ останува да биде следен предизвик за РСМ

Дали апликацијата и интересот на една земја сами по себе се неопходни, или доволни за пристапување во ЕУ? Секако дека не. Постојат некои услови, што мора да ги исполни секоја земја, која е заинтересирана да стане дел од големото европско семејство. Сепак, за какви услови зборуваме? Дали зборуваме за услови, кои се исполнуваат тешко, или за несериозност од страна на земјите-кандидатки воопшто, а особено од нашата земја? Ова се дискутабилни прашања.

Најголемата пречка за недобивање датум за почеток на преговорите со ЕУ за С.Македонија е бугарската држава. С.Македонија и Бугарија имаат напнати односи, поради историски спорови. Официјална Софија бара од Скопјe да ги прифати бугарските барања дека македонскиот јазик е норма на бугарскиот јазик и оти македонскиот народ е создаден од Јосип Броз Тито, но и бугарскиот народ да биде вклучен како составен дел од Уставот на С.Македонија. Заради ова се бара РСМ да го промени уставот, но тоа не може да се направи, бидејќи се потребни две третини од гласовите на пратениците во Собранието. – наведува „Журнал“ во својата редакциска анализа.