„Журнал“: Владата е остра во борбата со корупцијата и влече практични потези, но дали ќе продолжи со ланскиот ритам?

„Новата влада, избрана по изборите на 8 мај, остави неизбришлива трага во борбата против корупцијата во втората половина од минатата година. Порано граѓаните ги учеа дека борбата против корупцијата е само концепт, што го слушнале, но немале можност да видат во минатото како изгледала оваа борба во пракса. На новата влада не ѝ требаа повеќе од шест месеци, за да ја спроведе оваа војна против корупцијата во пракса: акции, рации, бегства, меѓународни потерници беа само дел од многуте акции на новата влада за борба со корупцијата на претходната власт.“ – пишува во својата редакциска анализа информативната агенција на албански јазик „Журнал“ во својата редакциска анализа со наслов „Новата влада е остра во борбата против корупцијата, ќе продолжи ли со ланскиот ритам?“.

Покрај другото, натаму агенцијата истакнува: Корупцијата, како најспоменувана тема кај нас, продолжува да биде грижа на општеството и ветување на политичарите дека ќе биде целосно искоренета. Сепак, колку ќе се постигне, останува да видиме во иднина, иако тоа е многу тешко, бидејќи корупцијата не е пареа, која ќе исчезне штом ќе се отворат прозорците. Корупцијата навлезе во секоја пора на општеството, затоа е потребна сериозна и посветена работа до ублажување и целосно отстранување на оваа појава. Премиерот Мицковски уште од доаѓањето на власт предупреди дека ќе почне жестока битка против корупцијата на секое поле и тој стои на кажаното.

Корупцијата е канцерогена „болест“, која ѝ нанесува штета на државата до сржта. Таа била тема, за која се расправало премногу, но без конкретен епилог. Имало многубројни комисии, специјални апели, бил ветуван ветинг секоја година и уште многу нешта, за да ѝ се објави војна на корупцијата. Сега за прв пат се забележуваат практични потези во оваа насока.