„Журнал“: Албански претседател на Р*М, зошто не?! – Поделеноста на Македонците-гласачи ќе отвори пат за тоа!

„Време е и нема никаква пречка * Македонија да добие албански претседател. Поделениот македонски глас може да му го отвори патот на албанскиот кандидат да оди во вториот круг на претседателските избори. Многу е реално да се очекува и Македонците, кои нема да го поддржат кандидатот на македонската партија, да го подржат албанскиот кандидат за претседател во вториот круг.“ – проценува информативната агенција на албански јазик „Журнал“ во своите редакциски анализи со наслов Дали е време за албански претседател?“ и „Албански претседател – зошто НЕ? Изгледаше недостижно и албански премиер, но бидна!“

Покрај другото, во двете анализи „Журнал“ пишува: Уште откога албанската опозиција најави дека ќе се натпреварува со свој претседателски кандидат, со уверување дека тој ќе има реални можности за победа, се појавија сомнежи дека е можеби рано за вакво нешто и оти е тоа цел, која тешко може да достигне. Сомнежи и резерви изнесоа претседателот на ДУИ Али Ахмети и премиерот Талат Џафери, оценувајќи дека е тешко еден албански кандидат да победи на  претседателските избори.

Постоеја сомнежи и резерви и пред четири години за албански премиер. Но, ова стана реалност. Ако беше ДУИ поупорна пред тогашниот лидер на СДСМ Зоран Заев и ако соработуваше повеќе со другите албански партии, ќе можеше да „извади“ албански премиер со политички мандат од најмалку две години и со целосни овластувања, а не само технички премиер во последните 100 дена од владата.

Дали е време за албански претседател?

Сега имаме нова реалност, која покажува дека албанскиот кандидат за претседател најверојатно ќе влезе во вториот круг на претседателските избори, каде што во македонскиот табор се натпреварува силната ВМРО-ДПМНЕ наспроти многу ослабениот СДСМ, барем така покажуваат анкетите. Кандидати за претседател ќе имаат и ЗНАМ на Максим Димитриевски и Левица. Во ваква ситуација поделениот македонски глас може да му го отвори патот на албанскиот кандидат да оди во вториот круг.

Кога имаме нова реалност, со многу скршени меѓуетнички бариери, бидејќи Албанците гласале неколку пати гласале за македонски кандидат за претседател, но и за македонска политичка партија, многу е реално да се очекува сега дека и Македонците, кои нема да го поддржат кандидатот на македонската партија, да го подржат албанскиот кандидат за претседател во вториот круг.

По последните политички движења во * Македонија, особено во албанскиот политички табор, неможното не постои повеќе. Албанската опозиција овој пат е посилна од кога било досега, се приклучија три политички партии, на кои им се приклучи директно и Ветвендосје (Самоопределување) на Албин Курти преку неговиот советник за * Македонија Беким Ќоку. Се очекува тој да биде на листите за пратеник. Во овие околности, природно е на претседателските избори да има и албански кандидат.

На последните претседателски избори во 2019 година на Албанците не им недостасуваше албански кандидат, но на тој кандидат му недостасуваа сите Албанци. Блерим Река влезе во трката како заеднички кандидат на опозицијата, но тогаш опозицијата не беше консолидирана во овој формат како денес. Имајќи ги предвид условите и околностите, во кои се наоѓаме, време е и нема никаква пречка на чело на државата да има албански претседател. Остана само функцијата претседател  негибната и недостижна за Албанците. Низ годините Албанците имаа доволно кандидати за претседател, но немаа доволно поддршка.