По триумфот на Манчестер Јунајтед против Ајакс (2-0) во финалето од фудбалската Лига Европа, тренерот на Црвените ѓаволи имаше потреба да им објасни на новинарите зошто начинот на кој неговиот тим дојде до пехарот и до место во Лигата на шампионите, не бил воодушевувачки.

“Поети во фудбалот има многу, но тие ретко освојуваат нешто. Ние се решивме да бидеме разумни и рационални, и во тоа бевме подобри од противникот”, вели Специјалниот кому ова му беше 25. трофеј во период од 15 години.