Андреј Жерновски денеска соопшти дека размислува да се впушти во трка за градоначалничкото место во Скопје. Тој вели дека сигурно оди и тоа со поддршка или преку СДСМ во трка за задржување на сегашната позиција, градоначалник на Општина Центар, но во меѓувреме работите може да се сменат и тој да се обиде да претендира на повисока позиција.
“Резултатите се тука, анкетите исто говорат за мојата поддршка. Слушам за идеите за кандидат за градоначалник на Град Скопје, но за ова уште не е разговарано“, вели Жерновски, но очигледно дека ваквата шанса не му е туѓа.
Градоначалникот на Центар денеска даваше отчет за извршеното, сработеното во мандатот што истече, а не пропушти да најави уште една ревизија на проектот Скопје 2014 и преиспитување на одлуката за изградба на терасата на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ за која тврди дека е бесправно изградена.