Жените не го сакаат Трамп!?

Неколку илјади демонстранти, главно жени, се собраа во Вашингтон вќерас на Народниот марш во знак на протест против инаугурацијата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп, пренесува Ројтерс.

Многу жени носеа розови капи, симбол на женскиот марш во 2017 година во пресрет на првата инаугурација на Трамп, која беше многу помасовна од денешната, потсетува РСЕ.

Тогаш, жените незадоволни поради претседателската победа на Трамп кон крајот на 2016 година се собраа во Вашингтон на почетокот на 2017 година и организираа големи собири во градовите низ земјата, создавајќи основа на движење кое стана познато како Женски марш.