Талибанците во Авганистан практично го забрани звукот на женскиот глас во јавноста со нов пакет закони, одобрени од врховниот водач Хибатула Ахунџада.

Новите закони покриваат многу аспекти од секојдневниот живот како што се јавниот превоз, музиката, бричењето и прославите.

Според Членот 13 кој се однесува на жените, предвидува тие постојано да го покриваат своето тело во јавност.

Покривањето на лицето е неопходно за да се избегне искушението. Облеката не треба да биде тесна, кратка или од тенок материјал, пишува AP

Исто така, женскиот глас, според новите закони се смета за интимен, така што жените не смеат да пеат, да читаат на глас или да рецитираат во јавност.

На жените им е забрането да гледаат и мажи со кои немаат крвна или брачна врска и обратно.

Документот од 114 страници и 35 члена е првата официјална декларација на законот за пороци и доблести во Авганистан откако Талибанците ја презедоа власта во 2021 година.