Помлада жена загина на самото место, а четворица сопатници се повредени, меѓу кои и две деца на возраст од 2 и од 4 години, сите од Македонија, во тешка сообраќајна несреќа што се случи попладнево на автопатот над Предејане, на влезот во Грделичката клисура.
Според очевидци, станува збор за семејство што има и словенечко државјанство и кое се враќало дома од Словенија, а несреќата се случила малку пред 18 часот, кога возачот најверојатно загубил контрола врз возилото и силно удрил во банкината.
„Жената била совозач. Превезовме две деца, од кои едното има поголеми повреди. Возачот, сопруг на загинатата, исто така има повреди, но се чини дека се полесни, иако не можеме да кажеме ништо со сигурност додека не завршат снимањата“, цитира „Југмедиа“ извор од Општата болница во Лесковац.
Зад воланот бил И.А. (1996), кој не е повреден, освен што е во шок и конфузија, нагласува лекар од ургентниот центар во Лесковачката болница.
„Едното дете е на дијагностика, се сомневаме дека има фрактура на бутната коска, другото, за среќа, останало неповредено“, вели тој.
Поради несреќата настанал огромен застој на автопатот и се создала долга колона, велат локални жители на Предејане.